(ФОТО) Интервју: Оливера Ширговска: „Од крупните залаци, може ќе се задави човекот, затоа животот се зема со сласт (ситни залаци)“

Оливера Ширговска е писателка, сопруга, мајка на две возрасни деца, позитивна дружељубива личност и љубител на пишаниот збор. Секојдневието знае да ни сервира се, но најубаво е кога зборовите се сведоци на шепотот на една разбранувана душа, и симболи на еден живот запишан на хартија. Кога се работи со љубов, за се ќе се изнајде време …

За пет години издаде осум книги…Дали пишаниот збор долго тлеел во тебе и одеднаш излегол?
-За речиси пет години издадов осум книги, три романи и пет поезија . Романот првенец „AЊА” излезе од печат( 2013) , „СРЦЕ“ (2015), „СКАНДАЛ” (2017), следат збирките поезија „СИОТ ТОЈ БЛУЗ“ (2017), „ЉУБОВЕН ТАНЦ“ (2018), „ЉУБАВНИ ПЛЕС -СРПСКИ ПРЕВОД” (2018), „КРИЛЈАТА НА ЉУБОВТА“ (2018), „БЛАГОСЛОВИ“(2018). Можеби, желбата за пишување постоела во потсвеста и само прашање на време бил мигот кога душата почнува да ги пишува најубавите мисли, да создава дела, пишувајќи се почесто.


 


Ме фасцинира што си една од ретките писателки која пишува поезија и проза…
– Пишувам и проза и поезија. Во поезијата, тоа се всушност длабоки чувства кои се преточуваат во мигот и се излеваат на парче хартија, а прозата несомнено е еден живот во кој авторот ја осмислува приказната и живее со секојдневието на главните ликови .

Тешко ли е да се биде автор на пишуван збор во оваа земја?
– Кога се работи со љубов, ништо не е тешко, бидејќи љубовта е двигателот и создателот на вистинските вредности .

Во светот има еминентни издавачки куќи па и весници (списанија) ги објавуваат бестеселерите во таа земја. Како е состојбата кај нас?
– Во светот постојат стандарди кои ги почитува меѓународната заедница, издавачките куќи ги почитуваат светските критериуми и се залагаат за заштитување на авторските права и каталогизација на авторот. Кај нас се’ зависи од материјалната состојба, и финансиските средства со кои располагаат издавачките куќи, меѓутоа оптимист сум дека работите ќе се подобрат во насока на оставање белег на македонското културно наследство .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Корисни маснотии – Кафеавите маснотии СОГОРУВААТ калории и го ТОПЛАТ телото – Еве зошто е добро да ги имате!

Сите се трудиме да имаме што помалку маснотии во телото, но тоа не важи за …