(ФОТО) И се може: Излегла на теренот и со облеката повторно ја шокирала јавноста!

Една година откако ја изненади јавноста со својот аутфит на теренот, Серена Вилијамс и оваа година го направила истото и предизвикала лавина од коментари.
Серена Вилијамс за првото коло на годинешнот турнир „Ролан гарос“ избрала многу необичен изглед, ништо помалку интересен од минатогодишниот кој е забранет од претседателот на Францускиот тениски сојуз бидејќи е оценет како несоодветен.


Суперѕвездата на белиот спорт и сопственичка на 23. Грен слем титули на теренот покажа комбинација која за неа ја дизајнирала „Пума“.

Фустанот со зборовите „мајка, шампионка, кралица“ на француски јазик, во скратено издание ја носела на теренот, во мечот против Виталија Диатченко, која и’ ја победила.
Во својот годинешен аутфит на Ролан Гарос, Серена Вилијамс имала многу феминистички пораки.


„Има зборови на француски. Тие говорат за мене како мајка и за мене како кралица, како што се и сите жени. Шампион. Тоа се позитивни мотивации за мене, и многу ми се допаѓа“, рекла Серена Вилијамс за Tennis Channel.


На социјалните мрежи ниту овојпат не изостанале бројни реакции.
Фановите на тенисерката и пружиле подршка и и давале комлименти во врска со нејзината годинешна комбинација.


Но, ги имало и оние кои мислеле дека се облекла како зебра па некои се прашуваат дали е ова добро или лошо.
Но,се чини дека на Серена не и е грижа за тоа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …