На Фејсбук се појави пост од Тоде, нашинец кој како дете со браќата заминал, во потрага по корка леб, во Австралија. Неговата исповед, после толку години, кога си дошол во родниот ркај е доста емотивна и трогателна…Но, најдобро самите да видите за што пишува Тоде – како се чуствувал кога се вратил во родниот крај и како бил „третиран“…
Неговото обраќање го пренесуваме во оригинал и целост:
„Се викам тодор!?крстено име/ инаку ме викаат тоше или тоде! кој како милува!бевме четворица браќа од охридските села! како и сите од пуста сиромаштија четворицата браќа по завршениот воен рок заминавме на печалба во далечна аустралија! со основно образование,во непозната држава со непознат јазик а со македонски инстикт успеавме да опстанеме во непознатата за нас далечна аустралија! се оженавме со македонки, створивме семејства,ни се народија дечиња,дојдовме до наши куќи! спеќаливме пари,ги одгледавме нашите деца кои се сега успешни бизнисмени! го зборуваат македонскиот јазик, читаат и пишуваат македонци по арно од нас родителите! нашите деца створија свои семејства со македонски мажи и жени, им даде господ и на нив дечиња и девојчина кои го зборуваат македонскиот јазик, пишуваат и читаат македонски и ако им е англискиот јазик матичен.