(ФОТО) Ролан Гарос: На теренот Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал!

Вториот ден на Ролан Гарос на терените во Париз е ден и за старт на првите двајца најдобри тенисери во светот – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.


Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ походот на втората титула на Ролан Гарос ја започнува со дуелот против Пољакот, Хуберт Хуркач, со кого досега не играл. Мечот на Ноле е на стадионот „Филип Шатрие“, што значи дека на теренот нема да биде пред 15. часот.

Програмата на централниот терен ја отвораат Каролина Возниацки и Вероника Кудерметова, потоа се состануваат бранителот на титулата Рафаел Надал и Германецот, Јаник Ханфман, а после Ѓоковиќ на теренот ќе се Серена Вилијамс и Виталија Дјатленко…
Од претставниците во регионот денес на терен ќе се и Борна Чориќ и Дона Векиќ, како и Алјаж Бедене, Полона Херцог…
Комплетниот распоред на мечевите погледнете го ТУКА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …