ЖИВОТ – Таткото пред страшна дилема: Трреба ли на свршеникот на неговата ќерка да му ја каже нејзината најстрашна тајна?

„И додека изгледа дека таа ужива во присуство на своето момче и дека ја привлекува сексуално, чисто се сомневам дека го сака“, открил таткото.

Понекогаш родителството е навистина тешко. Во тоа многумина ги увери и еден татко кој на интернет побарал совет. Тој корисниците на „Редит“ ги замолил за совет- дали на вереникот на својата ќерка да му каже за нејзината дијаноза.

Неговата ќерка според наодите на докторите е социопат.

 

„Татко сум на млада девојка од 25. години која ја сакам најмногу на светот. Досега имав добар однос со неа, но таа е дијагностициран социопат“, напишал тој.
Тој додал дека од мали нозе неговата ќерка била чудна што ги натерало да побараат стручна помош. Во текот на нејзиното растење влегувала во многу неволји, но додал дека редовно одела на терапии.
„Го почитува законот, има пристојна работа, образувана е и има доволно пријатели и обожаватели. Посебно момчиња. Многу е шармантна и успева да ги привлече и да ги задржи момчињата“, истакнал таткото.

Навел дека моментално има момче кое многу ја сака, но се сомнева дека и таа него го сака.

„Разговаравме многу за тоа и искрено, а во еден момент ми кажа дека не чувствува љубов ниту емпатија кон некого, дури ни кон членовите на семејството. Кога во еден момент беше многу тажна заради смртта на еден од нејзините најблиски пријатели, ја прашав како се чувствува, а таа рече дека сето тоа било измама. Дека само се преправала дека е тажна“, објаснил таткото.

Никогаш не се чувствувала виновна за било што што ќе направела лошо, додал нејзиниот татко и посочил на тоа дека не знае што значи зборот вина.
„И додека изгледа дека таа ужива во присуство на своето момче и дека ја привлекува сексуално, чисто се сомневам дека го сака“, открил таткото.

Тогаш објаснил дека нејзиното момче не знае ништо за нејзината болест и дека неговата ќерка не сакала да му каже за да не го избрка од себе.

„Ѝ реков дека мора да му ја каже вистината пред да се венчаат и дека тој има право да го знае тоа. Ѝ реков дека доколку таа не му каже тогаш јас ќе го направам тоа. Ми одговори: ‘Не би се осмелил’“.

Таткото напишал и дека секако ќе му каже на нејзиниот свршеник бидејќи смета дека тој мора да биде запознаен со нејзината дијагноза, па корисниците на „Редит“ ги прашал:„Дали сум се**о?“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …