Утре започнува вториот Грен слем во годината, Ролан Гарос во Париз, а првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, започнал со интензивните тренинзи…
Вчера пред да излезе на теренот Филип Шатрие и го одржи тренингот прво бил во теретана но таму направил проблем…
Со „медицинка“ силно удрил во подот и направил дупка..
„Денешното загревање за тренингот го започнав во теретана но толку силно удрив со медицинката во подот што направив дупка. Ролан Гарос, простете ми.Ќе платам за направената штета, веќе уплатив за вежбање за седум дена додека не се заврши истрагата…“, напишал првиот тенисер на светот под видеото.