(ФОТО) Напиток кој го „пржи“ салото на стомакот!

Овој мелем ги елиминира маснотиите и водата од организмот, ја подобрува функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, ги подобрува слухот, видот…
Главни состојки на овој рецепт се свеж рен, непрскан лимон со кора и мед. Веќе е многу кажано за лимонот и медот па накусо ќе се осврнеме на ренот.
Во исхраната најчесто се употребува коренот од ренот, но многу се вкусни и по малку пикантни и младите листови од растението. Поради составот (витамин Ц, калиум, витамин Б1, витамин Б6, железо, калциум, витамин Б2, магнезиум, фосфор…). Ренот е освен гурманско, исклучителен и како лековито средство.
Неизоставен додаток е во многу јадења, посебно со мрсна храна бидејќи помогнува полесно да се свари. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, отстранува заморот, па најмногу се препорачува на дијабетичарите.Го поттикнува размножувањето и развојот на корисните бактерии во цревата.
Свежиот корен може да се користи преку цела година, ако на време се закопа во влажен песок или се чува во подрум. Ако имате поголем корен, можете да го изрендате потребното количество, а остатокот завиткајте го во алуминиумска фолија и оставете во фрижидер во кутијата за зеленчук.
Ако сакате изренданиот рен да ви остане свеж и после три недели, измешајте го со лажичка шеќер и 4 лажици сок од лимон или оцет. Во добро затворена тегла ренот во фрижидер може да стои и до три недели.
Рецепт за пијалок за слабеење
125 г рен
3 лимони (кои претходно ќе ги поткиселите во малку вода и лажица оцет, нека стојат 10 минути да се измијат пестицидите)
3 лажици мед
Постапка:во блендер измиксирајте 125 г рен. Земете ги трите лимони, расечете, исчистете од семки и заедно со кората измиксирајте и измешајте со ренот. Во смесата додајте 3 лажици мед и се’ убаво измешајте.
Овој напиток чувајте го во фрижидер, во убаво затворена тегличка. Земајте по една малечка лажичка од мелемот два пати дневно со оброк. Мелемот земајте го три недели и гледајте како струкот ви се намалува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) УБАВА ПРИКАЗНА ЗА УБАВО ПОПЛАДНЕ: Мајката не можела да го смири бебето во авион па работите ги презел стјуардот!

ПРВИОТ лет со авион со мало дете е доста стресен, особено ако бебето е исто …