Во селекција на Гена Теодосиевска во Копенхаген започнува Фестивал на македонскиот современ филм

Со задоволство ве известуваме дека вечерва во 19  часот во Копенхаген, Данска, во организација на Данскиот филмски инситут ќе биде отворен Фестивалот на македонски современ филм.

Во селекција на филмскиот критичар Гена Теодосиевска, данската публика во следнава недела ќе има можност да ги проследи филмовите: „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, „Превртено“ на режисерот Игор Иванов Изи, „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски, „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски и „Амок“ на режисерот Вардан Тозија.

Овој настан е  продожување на соработката меѓу ИФФК „Браќа Манаки” и Данскиот филмски институт откако пред две години во програмата „Земја во фокус” беше претставена данската современа кинематографија.

Честа да го отвори фестивалот му припадна на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески.

На отворањето вечерва пред публиката ќе се обратат Јеспер Андерсон претставник на Данскиот филмски институт, Гена Теодосиевска, директор на фестивалот „Браќа Манаки“ и амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Данска,  Александар Новотни.

По проекцијата на филмот,  амбасадата ќе приреди коктел за поканетите гости.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Во Струга запален фестивалскиот оган: Отворен 58. поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“

Во еден свет во кој поезијата е поттурната настрана, каде пишувањето песни станува дејност на …