Меланија Трамп ја открила тајната на совршениот изглед: Не отстапува од овие 4. правила

Првата дама на Америка многу води грижа за тоа што внесува во својот организам од намирници и има правила според кои се води…
Меланија Трамп во 49. година изгледа одлично, и со својата вита линија и со негуваното лице сите ги воодушевува.

Секој ден го започнува со иста намирница
Иако како прва дама на Америка има обврски преку глава, Меланија не пропушта здрав појадок. На нејзиното утринско мени се наоѓа смути и каша од овес која има висока содржина на влакна, изјавила во една пригода за „GQ“ магазин.

Секој ден изедува барем 7 овошки
Јаде доста овошје и витамини. Во едно интервју открила дека нејзина дневна цел е да изеде барем седум овошки.

Себе ништо не си забранува
Поради добриот изглед, многу луѓе мислат дека Меланија не внесува шеќер во организмот. Но, тоа не е вистина.
„Немам вообичаен колач кој секогаш го јадам. Ако ми се јаде слатко, би избрала овошје или малку чоколадо затоа што мислам дека и тоа е потребно на моето тело“, изјавила во една пригода и признала дека сака да јаде сладолед, се додека „тој е во баланс со нејзината исхрана“.

Внесува многу течности
Многу и е битно да внесува доста течности, особено вода во текот на денот, за да остане хидрирана. Никогаш не јаде мрсна или калорична храна. Откако го родила синот Барон и го загубила вишокот килограми, признала дека здравата храна и пилатесот два – три пати неделно, и помогнале да се врати во старата форма.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

„Мала Италија патува” по петти пат ќе донесе извонредното музичко доживување

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез …