Капитенот на Реал шокирал со одлуката за својата иднина!

Серхио Рамос шокирал со својата најава дека го напушта Реал Мадрид, пренесува угледната шпанска Marca.
Иднината на капитенот на првакот на Европа е под голем прашалник а вчера познатиот шпански новинар Ел Чирингито открил некои детали околу тоа.
Наводно, Манчестер Јунајтед и париски ПСЖ повеќе пати во текот на сезоната се распрашувале за услугите на шпанскиот репрезентативец но од Реал не добиле никаков одговор.
Овој пат, тврди, Ел Чирингито, работите се поинакви. Капитенот на Реал сака да си замине и смета дека му е потребна голема животна промена, како во смисла на кариерата така и во личен котекст.


Marca наведува дека Рамос се судрил со претседателот на клубот, Флорентино Перез, после шокантното испаѓање од Ајакс во Лига на шампионите оваа сезона. Тоа, наводно, е исто така една од причините за желбата на Рамос за заминување од Мадрид.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

„Мала Италија патува” по петти пат ќе донесе извонредното музичко доживување

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез …