Дневен хороскоп за петок, 24.05.2019:Не дозволувајте да ве поремети прогнозата на времето и најавените дождливи периоди бидејќи убав помин може да се реализира на многу други начини и на различни места

Пред нас е еден ден без битни аспекти кој треба да го искористите за да се одморите или да направите планови за претстојниот викенд. Не дозволувајте да ве поремети прогнозата на времето и најавените дождливи периоди бидејќи убав помин може да се реализира на многу други начини и на различни места. Излезете во пресрет на дождот, тоа може да биде романтичен момент за сите вљубени.
Ви посакуваме пријатен ден!

Овен
Работа
Ќе имате релевантни докази, но еден од вашите соработници не сака вистината да исплива на површина. Затоа, не очекувајте премногу поддршка во околината.
Љубов
Премногу ве погодува нечие однесување или ненадејна одлука. Обидете се да ја зачувате смиреноста на духот и да го потиснете вашето емоционално расположение.
Здравје
Вие сте подложни на дигестивни проблеми.

Бик
Работа
Вие сте повредени од нечие ригидно однесување или неправди во деловната соработка. Сепак, важно е работите да завршат на добар начин. Вие сте доволно умешни за да ги надминете деловните недоразбирања.
Љубов
Понекогаш разумот треба да биде исклучен, бидејќи постојат нешта или настани кои не можете да ги објасните само врз основа на логички правила. Нека зборуваат твоите чувства.
Здравје
Ви требаат повеќе витамини во вашата исхрана.

Близнаци
Работа
Вие делувате остроумно и искрено, така што добивате симпатии на различни страни. Добра идеја е да оставите добар впечаток на вашите соработници. Со брилијантната интелигенција, покажете и на вашата околина колку што можете.
Љубов
Планирајте интересна или романтична забава за двајца. Опуштете се во блиско друштво и уживајте во вашиот интимен свет.
Здравје
Ви требаат секојдневно физички вежби.

Рак
Работа
Делувате нетрпеливо, но засилената иницијатива од ваша страна не донесува позитивни резултати и нечија наклонетост. Соработниците очекуваат да прифатите одредени отстапки.
Љубов
Важно е да го направите она што го чувствувате и тоа ќе ви донесе големо олеснување. Нема причина да одберете улога што не ви одговара.
Здравје
Вашата моќ за регенерација е во пораст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Се обидел, на бензинска, да украде Мерцедес: Реакцијата на сопственичката го шокирала!

Крадците мораат да имаат голема фантазија да да успеат во својата идеја, па се осмелуваат …