(ВИДЕО) Популарен софтвер препознал плагијат: Сер Пол Мекартни „украл“ песна од хрватски музичар !

Јурица Паџен, гитарист од групата Азра и еден од основачите на бендот Парни Валјак, има сличност со Пол Мекартни.

Имено, еден интернет софтвер препознал дека песната „Confidant“ од Пол Макартни е плагијат на песната „Samo me draga ne ostavi“, од Јурица Паџен.

„Претпоставувам дека не ја украл, туку веројатно тоа е ист начин на размислување, што ми е голем комплимент, бидејќи песната е од ист тоналитет, во потполно исто темпо, направена е со акустични гитари, мелодијата е иста… Мене тоа ми беше знак и задоволство дека работам во согласност со светските стандарди“, рекол Паџен, кој не сокрива дека е поласкан поради споредбата со легендарниот музичар.

„Прочитав дека албумот на кој е и оваа песна, излегол минатата година наесен, после 40 години за првпат бил прв на американската топ листа Билборд. Значи, имав песна која била на прво место на американската топ листа“, додал Паџен

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

„Мала Италија патува” по петти пат ќе донесе извонредното музичко доживување

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез …