(ФОТО) Роналдо сега едвај го препознаваат: „Набил“ килограми и пуштил коса

Бил најдобар фудбалер на светот, а и денес малку кој не слушнал за славниот Бразилец. Пензионираниот Роналдо, кој со своите способности на теренот многумина маѓепсал, денес изгледа скоро непрепознатливо…


Некогаш славниот фудбалер Роналдо (42) овие денови со девојката Селине Лок ужива во одморот на шпанскиот остров Форментера. Таму ги изненадил собраните фотографи, како и обожаватели, со непрепознатливиот изглед.


Годините пауза од спортот, активностите и секојдневните тренинзи го направиле своето.
Бразилецот со белата кошула дополнително ги истакнал ставените килограми, а пуштил и коса па сега „негува“ локни. Младата манекенка облекла ленен комплет, скапоцени кожени папучи и дизајнерска торба.


Инаку, Роналдо од играчката кариера се простил во 2011. година после сензационалните успеси кои ги постигнал со својот тим, но и репрезентацијата. Дури три пати бил прогласен за најдобар фудбалер на светот,во извор на ФИФА.


„Тоа не е тешко, сакам да играм, го сакам фудбалот и тоа е мојот живот, мојот цел свет. Кога престанав да играм, престанав и да тренирам бидејќи имав многу сериозни повреди и бев во големи болки“, изјавил во една пригода Роналдо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Променет терминот на доделувањето на Оскарите

Церемонијата на доделување на Оскарот – кулминација на доделување на филмските награди во САД, во …