(ФОТО) После самоубиството на сопругата одлучил да им помогне на другите мајки во борбата со истиот проблем

ПО ТРАВМАТИЧНОТО ПОРОДУВАЊЕ и моментот во кој нејзината самоштородена ќерка не можела сама да дише , Алексис Д’Ачиле станала потполно непрепознатлива.
Како што рекол нејзиниот сопруг, Стивен Д’Ачиле, траумата оставила трага врз неа и изгледало дека се променила преку ноќ. Одеднаш, неговата весела и насмеана жена станала уморна и тажна.

“Тоа беше почетокот на крајот”, рекол Стивен во интервјуто за Today Parents..

This is the last picture ever taken of my wife with our daughter Adriana. The following morning Alexis took her life. …

Gepostet von Steven D'Achille am Sonntag, 5. Mai 2019

Ништо не било подобро ниту кога се вратиле дома. Алексис се борела со многуте предизвици на мајчинството, а нивната ќерка Адриана често плачела. Сето ова дополнително ја влошило ситуацијата.
“Алексис секогаш ќе плачеше и ќе речеше дека таа не го може тоа. Понекогаш ќе ја најдев на дното на плакарот, на подот, со црвени и плачливи очи”, се присетува Стивен.

Сепак, неговата сопруга знаела дека тоа не е вообичаено однесување и одлучила да побара стручна помош. Но, лекарите ги убедиле дека тоа е т.н. “бебе блуз” или постпородилна тага што кај некои жени се јавува во првите недели по породувањето и декала друго мислење во дури седум различни болници. Одговорот бил ист во секоја од нив.

По некое време, Стивен открил дека неговата сопруга страда од постпородилна психоза, што е доста ретка и се јавува кај околу 0,1 до 0,2 проценти од жените во првите четири недели по породувањето. Се манифестира со параноја и халуцинации, и во такви случаи, неопходно е да се обезбеди итна медицинска помош и хоспитализација. Сето ова во нивниот случај целосно изостанало.

Наместо конкретна помош, нејзиниот доктор двојно ја зголемил дозата на лекови кои се потребни за да се поправи ситуацијата, но тие го правеле спротивното. Новопечената мајка признала дека и се чини дека по терапијата добива уште ужасни, самоубиствени мисли. Во октомври 2013. година, за се го информирала својот лекар. Уште еднаш, помошта изостанала.
“Лекарот ме повлече и ми рече дека ќе биде добро. Не можам да поверувам дека сум толку глупав што го слушав”, вели Стивен.

Само еден месец подоцна, неговата сопруга извршила самоубиство.

“Слушнав дека бебето хистерично плаче. Моето срце ужасно затрепери, знаев дека нешто страшно се случило”, се присетил на моментот кога се разбудил и сфатил дека неговата сопруга не била во креветот.

Пристигнала итни помош, ја еранимирале, но после два дена таа починала во болница.

Иако и самиот сеуште не научил да се справи со загубата, тој одлучил да се посвети на правење промени во негата на постпородилното ментално здравје за да ниту едно друго семејство никогаш повторно не би доживело таква трагедија. Затоа ја основал непрофитната организација „The Alexis Joy Foundation” и ги здружил силите со здравствената организација во Питсбург за да фосноваат нов вид на институција “Центар на Алексис Џој Д’Ахил – Центар за перинатално ментално здравје”.

Gepostet von Steven D'Achille am Sonntag, 12. Mai 2019

Како што објаснил тој, овој центар има поинаков пристап кон перинаталното и постпарталното ментално здравје преку обезбедување на две нивоа на нега. Постои амбулантна терапевтска програма каде жените се среќаваат со терапевт неделно. Но, постои интензивна програма која вклучува три часовни сесии за три дена во неделата и вклучува интеракција на мајката и детето. Токму делот во кој се вклучени и децата се сметаат за најважни за целосно исцелување на мајките.

“Размислувам за животите што овие деца ги добиваат, за нормалниот живот и поради услугите што ги нудиме”, рекол Стивен искрено и заклучил дека верува дека неговата сопруга ќе биде горда на се што направил.

Foto: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) РАКОТ НА КОЖА НЕ Е ШЕГА – На познат ТВ готвач му дијагностицирале четврти стадиум на рак:„Имам уште 12. месеци живот“

Британскиот шеф Тим Билтон, познат по учеството на кулинарската емисија „Great British Menu” на BBC, …