(ФОТО) Поради премногу тесен фустан глумица се онесвестила на филмскиот фестивал во Кан

Ел Фенинг ја воодушеви јавноста со модните избори во последните неколку недели, па многумина ја прогласија за потенцијална модна икона
21.годишната американска актерка и манекенка Ел Фенинг покажала како не секогаш е лесно да се биде ѕвезда. Таа открила дека се онесвестила на филмскиот фестивал во Кан бидејќи нејзиниот фустан бил претесен.

Актерката носела цветна креација на Прада која ги откривала рамената, но проблемот бил во неверојатно тесниот корсет инспириран од стилот на 50-тите години поради кој Фенинг очигледно останала без воздух.
“Упс, вечерва се онесвестив во својот ‘Прада матурски фустан од 50-тите години’, но сега сум добро. Фустанот беше претесен, плус ‘оние’ денови во месецот”, напишала Ел на Инстаграм.

Нејзината искреност ги воодушевила фановите кои веднаш ѝ пружиле поддршка.
“Сите сме поминале низ тоа”, “И понатаму си најдобро облечена”, “Не грижи се, изгледаше прекрасно во тој фустан”, се само дел од коментарите.

Странските медиуми пишуваат дека актерката се онесвестила во ресторан и паднала од столчето. За среќа, нејзината сестра Дакота Фенинг била во близина и веднаш ѝ притрчала на помош, а ѝ помогнал и актерот Колин Фирт. Инаку, Ел Фенинг ја воодушеви јавноста со модните избори во последните неколку недели, па многумина ја прогласија за потенцијална модна икона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …