Вработените од Скопје Мериот хотел готвеа за децата од Центарот за церебрална парализа

Со приготвени колачиња, мафини, сладолед и други вкусни закуски, вработените на Скопје Мериот хотел ги посетија децата заболени од церебрална парализа. Посетата, којашто беше реализирана заедно со Црвениот крст на Град Скопје, беше дополнета со музичари па децата заедно со вработените на Мериот се забавуваа на познати музички теми. Целиот настан за децата  претставуваше уникатно искуство и ден исполнет со пријатни задоволства.

Приготвувањето храна и целосната посета на Центарот е во склоп со филантропска филозофија на ниво на групацијата Marriott, наречена TakeCareInitiative. Преку оваа глобална иницијатива се поттикнува високото ниво на култура и свест на вработените кон заедницата и кон граѓаните. Самата иницијатива е изградена врз почитување на трите столба – грижа за себе, за оние со кои си во непосреден контакт, како и за сите во целина, со што се придонесува за добросостојбаи помагање на средината и граѓаните, како и за поголема сплотеност на колективот.

Скопје Мериот хотел низ повеќе слични активности ја искажува својата одговорност и обврска кон создавање позитивно и одржливо влијание во средината каде работи.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три потези кои ќе ви помогнат да ја оживеете страста во врската

На почетокот на врската посебен труд и не е потребен бидејќи сите гестови ни доаѓаат …