(ВИДЕО) „Бунтовник. Јунак. Измамник. Бог“: Документарецот ја збеснал фудбалската легенда!

“Имаме многу снимен материјал, многу сцени кои тој ги нема видено, за него, за членовите на неговото семејство, за децата. И верувам дека тоа ќе го доживее многу емотивно”
Плакатите кои го најавуваат двочасовниот документарец за Диего Марадона, премиерно прикажан во неделата на Филмскиот фестивал во Кан, го налутиле славниот фудбалер.
На нив пишувало: “Диего Марадона: Бунтовник. Јунак. Измамник. Бог”. Познатиот фудбалер бил налутен од зборот „измамник”, поради што ја повикал публиката „да не го гледа филмот кога следниот месец ќе се појави во кино салите”.
“Играв фудбал и заработував трчајќи по топка, не сум измамил никого”, рекол Марадона во интервју за „Univision”.

“Ако ваквата реклама ја одбрале за да ја привлечат публиката во кино салите, тогаш тоа го прават на погрешен начин. Не ми се допаѓа насловот, а кога не ми се допаѓа насловот, не ми се допаѓа ни филмот. Не одете во кино и не го гледајте филмот”, им порачал Марадона на своите фанови.
Режисерот Асиф Кападија, наградуван за документарците „Ејми” и „Сена”, претходно рекол дека Марадона не го гледал филмот и признал дека ќе го интересира како играчот ќе реагира кога ќе го погледне.
“Имаме многу снимен материјал, многу сцени кои тој ги нема видено, за него, за членовите на неговото семејство, за децата. И верувам дека тоа ќе го доживее многу емотивно”, рекол Кападија за „Reuters”.

Кападија во документарецот го прикажува периодот од 1984. година, кога Марадона преминал од Барселона во Наполи, до 1991. година, кога морал да го напушти клубот. Фудбалерот, наводно не барал од филмот да се исфрлат некои детали бидејќи многу му се допаднал документарецот „Сена”, за починатиот возач на Формула 1, Аиртон Сена. Поради тоа и прифатил да биде наратор во филмот.
Иако најавен, Марадона не дошол во Кан на премиерата одржана во неделата навечер. Кападија рекол дека Марадона има здравствени проблеми, дека станува збор за повреда на рамото и дека тој ќе мора на операција.

Извор: The Sun

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

„Мала Италија патува” по петти пат ќе донесе извонредното музичко доживување

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез …