Диети препорачани од Светската здравствена организација

Стручни лица од Светската здравствена организација, анализирале 41 режим на исхрана, па направиле листа на најдобрите диети.

Топ-листата е составена врз основа на неколку фактори, како што се ефективноста на диетата околу намалувањето на тежината, баланс, достапност на цените, ефекти врз крвниот и ендокриниот систем.

Така, во првите три, се наоѓа флекситаријанството. Оваа диета вклучува растителни протеини, зеленчук и јаткасти плодови.

Флекситаријанството е всушност „флексибилно вегетаријанство”, при што месото не е така строго забрането, но се консумира многу ретко.

На второ место е диетата ДАШ, којашто првично била наменета за пациенти со хипертонија, оти ефикасно го намалува нивото на холестерол. Диетата е слична на популарниот средоземноморски режим, бидејќи опфаќа консумација на повеќе овошје и зеленчук, млечни производи, бело месо, риба, зрнести и јаткасти плодови, како и житарици.

На врвот на листата на СЗО, е таканаречената. „средоземноморска диета”, што покрај ослабувањето, го намалува и ризикот од дијабетес. Таа ефикасно ги топи килограмите, што пак, го снижува ризикот од срцев удар и предвремена смрт.

Овој режим на исхрана препорачува зрнести плодови, многу овошје и зеленчук, грав, боранија, но и по некоја чаша вино. Јаткастите плодoви, рибата и зејтинот обезбедуваат мононезаситени масти, коишто позитивно влијаат на холестеролот. Додека муслите и житариците, ни ги даваат потребните диететски влакна за да го одржиме нашиот дигестивен систем во оптимална состојба.

Здравата исхрана е подарок кој самите можеме и мораме да си го подариме.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(Рецепт) Јадење кое отвора апетит: Крем салата од печени пиперки!

Неодолив вкус, салата која се јаде и отвора апетит. Со месо на било кој начин …