(ВИДЕО+ФОТО) Точка на ужас:Место кое ги чува спомените на најсмртоносниот настан во историјата

Облак пепел го скрил небото и настапила ноќ која траела една година. Температурите се спуштиле под нулата, а скоро 75. отсто живи суштества на Земјата се избришани…
Во средината на 80. ттите години на минатиот век група американски археолози ги проучувале сателитските снимки на полуостровот Јукатан во Мексико и забележала скоро совршен прстен со обем поголем од 200. километри.
Карактеристичните поникви исполнети со бистра сина вода,се типичем мотив од туристичките брошури кои во околината делуваат провизорно расфрлани по полуостровот, но гледајќи од вселената, создаваат примерок во облик на полукругот.
Денес е познато дека тој потег кој изгледа како да го исцртал некаков голем шестар е всушност лузна која ја оставил астероид со ширина од околу 12. километри кој го погодил Јукатан и експлодирал со незамислива сила. Така настанал кратерот Чикслуб, кој името му го должи на истоимениот град. Со обем поголем од 180. километри се смета за еден од најголемите удари на вселенски тела во историјата на Земјата.


Една од најсмртоносните катастрофи на планетата се поврзува со масовното изумирање на диносаурусите, а научна работа која тоа го потврдува е објавена пред девет години во магазинот Science Journal. Научниците отфрлиле други теории, како на пример масовни вулкански ерупции и други можни сценарија. Се смета дека удар на астероид направил кратер од 30. километри и поттикнал слична реакција на тлото како што би се однесувало езеро кога во него ќе се истури огромно количество песок.
Во наредните години светот се променил до непрепознатливост. Облак од пепел го скрил небото и настапила ноќ која траела една година, Температурите се спуштиле под нулата, а скоро 75. отсто на сите живи суштества на Земјата е избришано.

loading...


Денеска таа средишна кружна точка е замислен круг околу еден километар под малечкиот град Чикслуб Пуерто. Во гратче од неколку илјади луѓе ниските куќи се обоени со жолта, бела и портокалова боја кои го окружуваат скромниот градски плоштад.
Љубителите на диносаури кои го посетуваат местото за да го почувствуваат духот на минатите времења неретко се губат по обраснатите и искривени улици и завршуваат во блиското Чикслуб Пуебло. Но, кога ќе стасаат на вистинската локација, ќе наидат на по некој потсетник на сите катастрофи – цртежи на диносауруси кои ги насликале локалните деца.

Во близина е и игралиште со сауроподи, како и коска од бетон околу која посетителите можат да добијат увид во различните видови изумрени жители од дамнешното минато. Околу 45. километри кон југ се наоѓа и Музејот на наука на кратерот Ликслуб, кој е отворен кон крајот на минатата година, а во него посетителите можат да дознаат повеќе за настаните кои го промениле лицето на земјата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што е СЕКСОДУС? Овој „ТРЕНД“ го зафати светот и се помалку луѓе водат љубов…

Пандемијата на корона вирусот во голема мера влијаеше на нашите животи, особено на здравствениот сегмент, …