ФФМ и УЕФА со поддршка за СОС Детско село

Фудбалската федерација на Македонија и Фондацијата за деца на УЕФА во СОС Детско село официјално пуштија во употреба фудбалско игралиште.

На отворањето на теренот со вештачка трева во рамки на СОС Детско село присуствуваа и раководните луѓе на ФФМ, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.

– СОС Детското село повеќе од 15 години посветено работи и се бори за заштита на детските права во нашата земја, а овој придонес на ФФМ во реконструкцијата на фудбалското игралиште е наша поддршка, не само за вас, туку и за сите деца од заедницата кои ќе го користат овој терен. Од мое и од името на Фудбалската федерација на Македонија ви честитам за реализацијата на проектот, убеден сум дека ова ќе биде инспирација повеќе деца да играат и да уживаат во фудбалот, затоа што – Фудбалот е за сите, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Целта на проектот под слоганот „Обединети во радоста што ја носи фудбалот” е да го подигне спортскиот дух на децата и младите без родителска грижа и да го зајакне нивниот ментален развој низ призмата на тимска работа, соработка и мотивација за постигнување на резултати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бојата на вашето лице открива дали имате здравствени проблеми

Изгледот на кожата лесно може да открие одредени здравствени проблеми. Бледило, осипот или акните понекогаш …