(ВИДЕО+ФОТО) Нова медицинска мистерија – Загинала во болница: И извлекувале отров од стомакот – и „експлодирала главата“!

Шефот на медицина во Алигара, во индиската држава Утах Прадеш, соопштил дека инцидентот се случил додека лекарите со црево го извлекувале отровот од стомакот на пациентката.
Жена од Индија загинала во болничка постела кога се случила експлозија во нејзината уста, за време на испирање на желудникот.
Шила Деви (40) е примена во болница откако испила непознат отров. За време на зафатот дошло до бурна хемиска реакција, на жената „и екплодирала“ главата, а сигурносните камери снимиле огин и дим над постелата.
Шефот на медицина во болницата во Алигара, во државата Утар Прадеш, соопштил дека „инцидентот“ се случил додека лекарите со црево го извлекувале отровот од стомакот на пациентката, како и дека телото било испратено на обдукција за да се утврди причината за експлозијата.

„Има шанси да земала таблетки со алуминиум фосфат кои ослободуваат фосфин, алуминиум оксид и други гасови кои се многу запалливи во контакт со желудочнмата киселина и влагата во воздухот“, објаснува доктор Заиди и додава дека вакво нешто никогаш не е забележано во историјата на медицината и дека поради тоа е потребно да се изврши истражување.
Шефот на локалната полиција, Нареш Кумар Синг, наведува дека Шила Деви била најдена без свест до блиското село и дека во избвештајот на патологот се наведува дека конзумирала некој вид отров. Со понатамошна анализа ќе се утврди за која супстанца станувало збор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Жена во танга гаќички се фотографирала во базен полн со деца па ги поделила мислењата ЗА и ПРОТИВ!

Млада жена е предмет на расправа преку Интернет, откако таа била снимена како позира во …