6. тајни на успешно слабеење: Само вака неповратно ќе ги загубите килограмите!

Поради тоа е важно да ги знаете овие рпавила пред да јазапочнете борбата со губењето килограми…

Според статистичките податоци, просечно лице се обидува 4 пати годишно да изгуби тежина. Сепак, само еден од 100 луѓе ја губат таа тежина успешно и неповратно.
Затоа денес ви ги откриваме тајните за губење на тежината за да станете таа една личност и многу полесно да ја постигнете вашата цел.Д-р Роџер Голд, еден од познатите експерти за емоционална прејадување, нè уверува дека нашите емоции, а не недостатокот на волја, нè спречуваат трајно да загубиме на тежина. Затоа, важно е да ги знаете овие правила пред да започнете борба за намалување на килограмите:

1. Бидете упорни
Секогаш е многу тешко да се започне со диета, која бара само јадење на овошје и зеленчук, ако сте навикнати да јадете претежно брза храна. Тоа е голем стрес за вашето тело и тоа ќе реагира соодветно. Обидете се да не барате премногу од себе одеднаш, туку да направите прогресивни промени.

2. Пратете го напредокот
Верувале или не, многу е важно внимателно да го следите вашиот напредок. Ова ќе ви даде вистинска слика колку килограми сте изгубиле. Во многу случаи, ќе морате да чекате со месеци додека не видите некои забележителни промени на вашето тело, па не ја губите мотивацијата,следете ги сите промени.

3.Бидете физички активни
Планот за здрава исхрана ви помага да изгубите тежина, но многу е важно е да се комбинира добрата исхрана со некој вид на физичка активност. Дури и најчестите активности, како што се одење (ако се направи секојдневно) ќе бидат од голема помош.

4.Барајте подршка кај пријателите и семејството

Моралната поддршка на оние околу вас е исклучително важна кога сте на диета. Тие знаат дека кога ќе паднете во искушение, подоцна ќе се чувствувате виновни, па можат да ве потсетат да бидете внимателни со висока калорична храна, кога тие се со вас. Тоа е нивниот начин да ве поддржат во вашата борба.

5. Одредете метаболички тип
Ако сметате дека правите сѐ за губење на тежината, но сеуште нема забележителни резултати, во ред е. Всушност, ова е многу чест проблем. Но, пред да се откажете, научете повеќе за вашиот метаболизам. Ако имате бавен метаболизам, наоружајте се со трпеливост и не ја намалувјте упорноста. Запомнете дека долгорочните резултати ќе бидат видливи еден ден.
Можете да го забрзате метаболизмот со редовно пиење вода и јадење одреден зеленчук и овошје.

6. Секоја диета изискува надгледување
Ако одлучите да започнете со диета, размислете за контактирање со добар нутриционист за совети и надгледување. Запомнете: Со сите тие „чудесни диети” кои ветуваат согорување на килограмите за брзо време, ризикувате да го оштетите вашето здравје. На нискокалоричните диети им недостасуваат основни хранливи материи за да му помогнаат на вашето тело да функционира нормално, така што тие имаат негативни ефекти врз вашето ментално и физичко здравје.


За да ви помогнеме да ја започнедте својата диета, еве ги најдобрите продукти за губење килограми:
јајца
зелен зеленчук
лосос
лук
зелкаст зеленчук
посно јунешко и пилешко бело месо
мешунки
туна
зачини

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Led Zeppelin: Култниот хит е плагијат!?

Судскиот панел од 11. судии од Деветиот окружен американски апелационен суд се согласил дека ќе …