(ВИДЕО) Светот не е сигурно место: Арнолд Шварценегер нападнат од грб во Јужна Африка

„Ви благодарам што се грижите, но нема причина за тоа. Мислев дека толпата ме повлече, што често се случува…“

Американскиот актер, Арнолд Шварценегер, бил нападнат за време на јавен настан во Јоханесбург.


На видеото објавено од медиумската платформа еNCA, се гледа како 71.годишниот Шварценегер стои и се снима на спортски настан во Јоханесбург, кога одеднаш еден човек го удира одзади со нога во грб. Актерот паѓа, а обезбедувањето веднаш го фатило напаѓачот.


Набргу потоа, актерот насмевнат повторно се ракува со посетителите, а локацијата ја напушта во придружба на обезбедувањето.

„Ви благодарам што се грижите, но нема причина за тоа. Мислев дека толпата ме повлече, што често се случува. Сфатив дека бев удрен дури кога ја видов снимката. Мило ми е што тој идиот не го прекина мојот снепчет“, напиша Шварценегер на Твитер во врска со инцидентот.

За среќа Шарценегер не бил посериозно повреден при нападот, а неговите претставници рекле дека подоцна дури и се смеел.
Не се познати причините за нападот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Денис Кралевски од Македонија доби шанса за втор живот благодарение на лекарите од УМБАЛ „Св. Ана“ во Софија

Тимот на д-р Станислав Јорданов од болницата „Св Ана“ во Софија му даде шанса на …