(ВИДЕО) АТП РИМ: Надал премногу моќен за Циципас: Освета за поразот во Мадрид!

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал ја доби полуфиналната пресметка со Стефанос Циципас на АТП Мастерсот во Рим.

Надал одигра далеку подобро од турнирот во Мадрид каде во истата фаза загуби од Циципас, поточно со 6-3 и 6-4 го совлада талентираниот Грк кој денес беше немоќен против кралот на земјата. Надал утре ќе игра за 34. Мастерс титула од серијата 1000 и тоа со подобриот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Диего Шварцман, дуел кој започнува во 20. часот со диркетен пренос на Спорт клуб.


Бикот од Мајорка во двата сета направи по еден брејк, во првиот тоа беше во вториот гем, додека во вториот тоа му успеа во третиот гем по што потоа рутински го чуваше својот сервис со што си обезбеди 50 финале на Мастерс турнирите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …