(ВИДЕО+ФОТО) Тијана со емотивна изјава по вчерашниот настап на Тамара: „Те сакам сестре Тамара! Уште се тресам, маестрално, емотивно, беспрекорно!“

Тамара е во тел Авив, а нејзината Хана е во Белград, кај тета Тијана со која заедно го следела настапот на мама…Токму онаа тета која „кинела нерви“, советувала, каква песна да се избере, што да се напише за Евровизија…но токму Тијана вчера и днеес објавува постови за успехот ан својата сестра…
Тамара Тодевска, нашата претставничка на овогодинешната Евровизија која се случува во Тел Авив, Израел, вчеравечер одлично ја изведе песната „Proud“ со што нѝ обезбеди влез во финале, кое со нетрпение го очекуваме оваа сабота.

Многу познати личности јавно ѝ честитаа на Тамара за успехот. Исто така и нејзините фанови се во неверување дека омилената пејачка, Тамара Тодевска, после шест години успеа да се избори за Македонија да се престави на финалната вечер на 64-то издание на Евровизија.

Сепак, меѓу целата „навалица“ која се крена околу овој неверојатен настап на Тамара, најголемо внимание привлече нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ.

Таа се огласи на социјалните мрежи веднаш после нејзиниот настап.
„Те сакам сестре Тамара! Уште се тресам, маестрално, емотивно, беспрекорно! По којзнае кој пат сум ГОРДА! РАСТУРИ! Идеме до победа“, напиша Тијана на својот Фејсбук профил.

„Заслужено после толку години вистински избор за Евросонг! Моќно, емотивно, самоуверено, нашата единствена Тамара“, „Macedonia is proud of you“, „Прва! Прва и да остане!“, „Блазе мајка што ве роди вас две! Песната е полн погодок! Популарна тема, моќна изведба. Тамара, неодолива во секој поглед! Очекувам победа!“, „Честитки! Да се наежиш од настапот на Тамара. Во сабота ‘Proud’ Победува“, се само дел од коментарите на воодушевените фанови, под објавата на Дапчевиќ.

Додека Тамара е на Евровизија, Тијана во белград се гриѓи за малечката Хана.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто луѓето ги оставаат партнерите кои ги сакаат?

Најтежок дел од секој љубовен однос е раскинувањето, дури ако и сами сте го иницирале …