За првпат по седум години, и многу несуспешни обиди, на Евровизија имаме претставник во финале. Тамара со нејзината „Proud“ настапува в сабота.Конкуренцијата во второто полуфинале беше како да е ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ, за разлика од првата полуфинална вечер кога на моменти се поставуваше прашањето „како овие песни залутале тука“.
Во финалето влегуваат: Северна Македонија, Албанија, Холандија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.
За Песна на Евровизија ќе се натпреваруваат 26 земји.
Тијана Тодевска сподели момент од обзнанувањето дека Тамара и „Proud“ се во финале:
Тамара на втората полуфинална вечер
Тамара во зелената соба…
Let's do this! #proud #teamtamara #esc2019 pic.twitter.com/xxaEriAzBG
— Tamara Todevska (@TamaraTodevska) May 16, 2019
Како помина полуфиналето, ако не сте го гледале:
Тамара Тодевска ја имаше честа да го извлекува редоследот за настапи во големото финале на десетте финалисти од второто полуфинале:
Песната „Горда“ со која Тамара Тодевска се пласираше во финалето на Евровизија ќе се пее долго, но деновиве и гордо.
Еве ги и стиховите.