(ВИДЕО+ФОТО) Мадона пристигнала во Тел Авив со приватен авион и 135 луѓе: Се подготвува за настапот за кој ќе „наплати“ 1,8 милиони долари

Со неа пристигнале 135 личности од кои 40. се „back“ вокали, 25. танчери, а останатите се техничари…
Поп ѕвездата Мадона пристигнала во Тел Авив со што дефинитивно го потврдува нејзиното учество во финалето на Евровизија кое ќе се оддржи во сабота на 18. мај. Веќе ја направила првата проба, а деталите ги објавила на социјалните мрежи.

Како што пишуваат од Times of Israel, Мадона пристигнала со приватен авион на аеродромот „Бен Гурион“. На главата носела голем шешир за да ги спречи папараците да и го фотографираат лицето, а со својата придружба била донесена во хотелот „Дан“ каде што го реазервирала целиот 4.ти спрат.

По нејзиното доаѓање имала недоразбирање со организаторите кога пристигнала на проба во Арената затоа што не ѝ дозволиле да влезе со оглед на тоа што до тој момент таа немала потпишано договот за настапот. Дополнително сè било решено. Опремата за нејзиниот настап била донесена со бродови.

Со неа пристигнале 135 личности од кои 40. се „back“ вокали, 25. танчери, а останатите се техничари. Средствата за нејзиниот настап на Евровизија ги дал израелско-канадскиот милијардер Силван Адас, со кого морало дополнително да се преговара бидејќи првиочниот хонорар за кралицата на попот изнесувал само 1. милион долари.

Претходно Мадона изјавила дека прифатила да настапува во Тел Авив и дека никогаш нема да престане да настапува ширум светот заради нечии политички агенди, но и дека нема да престане да зборува за кршењето на човековите права каде и да е.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …