(ВИДЕО) После 19. години излегол трејлер за новите епизоди на „Беверли Хилс“

Неодамна ѕвездите на една од најпознатите серии од деведесеттите, „Беверли хилс“, објавиле видео на повторното собирање и откриле дека снимаат нови епизоди. Сега се појавил и службен трејлер. Фановите се воодушевени.
Минале 19. години откако завршила серијата „Беверли Хилс“. Неодамна актерската постава на серијата објавила видео од повторното собирање, со што го „подгреале“ нетрпението на фановите. Сега е објавен и првиот службен трејлер за новите продолжувања.

loading...

Трејлерот не открива многу но на почетокот покажува како омилените ликови го почнуваат денот. Брендон се буди со аларм, неговата сестра близначка, Бренда, медитира во дворот, Кели ја средува фризурата, Дона подготвува појадок, Дејвид бира кравата, а Андреа брза на работа. Бројни забележале дека во најавата упадливо недостасува најдрагиот лик Дилан бидејќи глумецот Лук Пери кој го глуми, починал во март.
Инаку, емитувањето на серијата е најавено за 7. август, а епизодите ќе бидат инспирирани од ставрните животи ан глумците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …