(Рецепт) Непечена торта со бисквити и крем банани

Извонреден десерт кој бргу се подготвува а уште побрзо јаде…
Потребно е;
20 чоколадни банани
2 жолчки
5 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
500 мл слатка павлака
500 г крем сирење
2 кесички желатин
2 кори за торта (со какао и мека)
200мл рум
200 мл млеко
11 бисквити
50 г какао во прав
Подготовка: чоколадните банани исечете ги на четвртини.
Во сад ставете ги жолчките, белиот шеќер, ванилиниот шеќер и се убаво изматете. Во жолчките додајте слатка павлака и изматете. Со постојано мешање додајте ги крем сирењето и разматениот желатин.
Кората за торта натопете ја со рум (или со овошен сок), додајте слој од кремот и наредете крем банани и повторно крем.
Повторете ја постапката со втората кора.
На врвот додајте бисквити натопени во млеко и намачкајте уште еден слој од кремот.
Колапот наросете го со какао и префрлете во фрижидер, на барем два часа, па сервирајте.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Знаење и искуство на стручњак – СРЦЕВ БОЛЕН САКАЛ С*КС, ПА МУ ОВОЗМОЖИВ БРЗА ПОМОШ ПОД ПРОЗОРЕЦОТ: Доктор Солаковиќ открил провереен ТРИК за ЉУБОВЕН ЧИН! После ова во креветот повеќе ништо нема да биде исто!

Д-р Емир Солаковиќ зборувал за сексот и придобивките од сексот, како и за ризиците што …