„Како да станеш нинџа“  – бесплатна работилница и проекција на анимиран филм


Тајните агенти од Средновековната Јапонија го пронајдоа своето место во современата култура, бесшумните ликови облечени во црно на кои им се гледаат само очите одамна се пробија и на Западот, ги има во филмовите, стриповите, постојат школи во кои се изучува нинџуцу, посветени им се многу популарни шоу-емисии во целиот свет.

Неверојатна прилика и во Скопје за да имате вистинско искуство со нинџи со помош на клубот Буџинкан Македонија. Дистрибутерската и продуцентска куќа „Катавеј“ организира работилница „Како да станеш нинџа“ за деца од 8 до 14 години и бесплатна проекција на хит анимираниот филм „Кариран нинџа“ во Младинскиот културен центар (горно фоаје) во сабота на 18 мај со почеток во 11 часот.

Дојдете да се дружиме и да учиме боречки вештини.

Целта на оваа работилница е да ги запознае децата со класичните јапонски боречки вештини, нинџа облеката, вовед во оружјето на нинџите и на сето тоа и бесплатна проекција на најновата данска анимирана авантура „Кариран нинџа“, синхронизирана на македонски јазик, по завршувањето на работилницата.

Ментори на работилницата се единствениот македонски инструктор за класични јапонски самурајски и нинџа вештини, Игор Довезенски и дел од тимот од скопското доџо на Буџинкан Македонија.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање податоци од своите деца на cutawaymkd@gmail.com најдоцна до 17 мај наутро. Работилницата е отворена и за тие кои никогаш не вежбале боречки вештини, а бројот на учесници е ограничен на 20.

Работилницата ќе трае еден час по што во Џебното кино ќе се одржи проекцијата на филмот. Филмот трае 81 минута.

Работилницата е дел од проектот „Детско катче“ (KidSquare) поддржан од Министерството за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) ЗА „Некст Тајм“ постои само патриотизам: На настапи со македонското знаме од Кутлеш!

Дечките од „Некст тајм“ се на промотивна турнеја по Македонија и секој нивен настап ги …