Изложбта фотографии „Јапонија“ на Дејан Колевски во НЛБ Галерија

Изложбата на фотографии ЈАПОНИЈА, која првично беше најавена за минатата недела ќе се отвори на 16.05.2019 со почеток од 20:00 во НЛБ Галерија.

Изложбата на фотографии ЈАПОНИЈА преставува четириесеттина уметнички фотографии.
Фотографиите се изработени во црно-бела и колор техника и се од Јапонија каде што во текот на мај 2016 авторот престојувал во градовите Токио, Јокохама, Осака, Кјото и Каназава.

Јапонија е земја која за секој посетител е интересна и привлечна од повеќе аспекти. Впечатоците од посетата на Јапонија и јапонската култура се позитивни и изненадувачки од повеќе аспекти и тоа во позитивна смисла. Јапонија е сосема поинаков свет од оној во кој живееме, а тоа се сфаќа брзо по пристигнувањето. Таа е земја на контрасти, а споевите или судирите меѓу традиционалното и модерното можат да се видат насекаде, почнувајќи од облеката на луѓето до архитектурата. Изложбата има за цел, на посетителите да им долови дел од прекрасната Јапонија.

Изложбата на фотографии е под покровителство на Фото Сојузот на Македонија.За авторот:
Дејан Колевски со фотографија интензивно се занимава повеќе од дваесет години. По професија е телекомуникациски инженер, а фотографијата му дава можност за креативно изразување. Автор на повеќе самостојни изложби на фотографија. Со негови фотографии има учествувано и добивано награди на државни и меѓународни изложби на фотографија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Во селекција на Гена Теодосиевска во Копенхаген започнува Фестивал на македонскиот современ филм

Со задоволство ве известуваме дека вечерва во 19  часот во Копенхаген, Данска, во организација на …