(ФОТО Галерија) Вон времето – Никола и Рената во мијачки носии направија традиционална венчавка во Бигорскиот манастир!

Свадбата на Никола и Рената како да доаѓа од некое друго време, други обичаи…Тие одлучиле својата среќа да ја крунисаат во Бигорскиот манастир и со македонски анродни носии…За 21. век тешко видливо – скоро никогаш…

Никола од Битола и Рената од Скопје, пред неколку денови запловија во заеднички брачни води, а заветот за вечна љубов, почит и разбирање, овие млади луѓе го дадоа во Бигорскиот манастир облечени во мијачка носија. Една несекојдневна венчавка која зрачи со посебна убавина, со македонски печат, нешто кое се ужива да се гледа и што е вистински вечен спомен.

“Приказната започнува пред две години во ресторанот ‘Куќата на Мијаците’. Таму каде што се запознавме со Рената, таму и се одржа свадбата.На првата годишнина од врската ја запросив на врвот Голем Крчин , тоа е врвот кој што се гледа од дворот на Бигорскиот манастир. Со благослов на Отец Партениј, нашиот духовен татко, ние решивме да направиме венчавка која што ќе биде најблиску до традиционалната. Така и се случи, облечени во мијачки традиционални носии типични за тој крај направивме традиционална Македонска венчавка во Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“ и светска/модерна свадба во ресторанот „Куќата на Мијаците“,  раскажува битолчанецот Никола Грнчаров.

“Се одлучивме за мијачката носија затоа што таа е типична за регионот во кој се наоѓа Бигорскиот Манастир, а кумот беше облечен во Брсјачка носија, типична за Прилеско-Битолско поле. Убаво би било сите ние барем мал дел да сочуваме од традицијата, за да не се заборави”, додава Никола.

На прашањето како реагирале нивните најблиски, роднини и пријатели, Никола вели: “Не сите знаеа каков ќе биде концептот и среќата што бликаше од нивните лица им беше неизмерна”.

За блескавите фотографии кои гушкаат срце и душа, се погрижија од “ЗАГА ПРОДУКЦИЈА”. Сите нивни ремек дела можете да ги погледнете на следниот линк: http://zagaproduction.com/

Извор: markukule.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Знаење и искуство на стручњак – СРЦЕВ БОЛЕН САКАЛ С*КС, ПА МУ ОВОЗМОЖИВ БРЗА ПОМОШ ПОД ПРОЗОРЕЦОТ: Доктор Солаковиќ открил провереен ТРИК за ЉУБОВЕН ЧИН! После ова во креветот повеќе ништо нема да биде исто!

Д-р Емир Солаковиќ зборувал за сексот и придобивките од сексот, како и за ризиците што …