(ФОТО) Репертоар на Театар за деца и младинци од 15. до 19. мај

15. и 16.05 (среда и четврток) „Том Соер“
„Том Соер, Том Соер,
Сите знаат херојот наш кој е….“
Кое дете не мечтае да биде херој како оние од книгите, филмовите, цртаните серии? Кое дете не сака макар на ден да порасне во очите на тие околу него и да го добие нивното признание?
Ова е претстава за „малиот голем човек“ Том Соер, херојот наизмисленотогратче Сејнт Питерсбург во Америка.Тој со помошта на својата остроумност и пргавост и се разбира, со помошта на своите пријатели Хаклбери Фин и Бен Роџерс, успева: да ја бојадиса оградата без да помрдне ниту прст, да ја заведе Ејми Лоренс, да ја освои убавата Беки Тачер, да го спаси од бесилка Маф Потер, да го надмудри Вајлд Џо и да го спаси богатството на вдовицата Даглас, кое ќе биде искористено за да се изгради дом за деца без родители.Со тоа, нашиот симпатичен херој ја добива наклоноста на Тетка Поли, Сид, Шерифот и неговиот помошник Џеремаја, Судијата Тачер, како и на целото гратче Сејнт Питерсбург.
Том Соер е идол на генерации на деца кој не потсетува дека во секој од нас лежи еден херој и дека се што треба за да го разбудиме е да веруваме во себеси. Се надевам дека претставата ќе ве натера да поверувате во тоа.
(Деан Дамјановски, режисер на претставата)
Драматизација: Горјан Милошевски
Режија: Деан Дамјановски
Сценографија: Филип Коруновски
Костимографија: Елена Вангеловска
Музика: Горан Трифуновски – Пајак

Играат:
Бојан Кирковски – Том Соер
Мики Анчевски – Хаклбери Фин
Драган Довлев – Марк Твен/Судијата Тачер
Емра Куртишова – Беки Тачер
Мартин Јорданоски – Вајлд Вајлд Џо
Ненад Митевски – Маф Потер
Винета Дамческа – Тетка Поли
Симона Спировска – Сид/Обвинителот
Наташа Петровиќ – Еми Лоренс/Шерифот Јанг
Марија Ѓорѓијовска – Бен Роџерс/Џеремаја/Дух

17.05. (петок) „Мачорот во чизми“


Неуморниот патник, бистриот и брлив мачор Макс, почнува нова животна авантура.
Во моментот кога неговиот газда, стариот воденичар, го напушта овој свет, тој една вечер сосема случајно ќе ги спаси волшебните чизми Енесија и Акајсија од мрачната пештера на злобниот вештер Ужвекс. Ѕверот волшебник поради тоа почнува да го уништува кралството. Без чизмите ја губи волшебната моќ. Со помош на неговиот помошник, Кенгурот Џексон, кој игра, оди и пее како поп-иконата Мајкл Џексон, прават пакосен план со цел да си ги врати чизмите.
Мачорот Макс останува да живее со Каспер, најмладиот син на воденичарот. Макс му ветува дека ќе го ожени за принцезата Сесилија во знак на благодарност што од целиот имот на татко му тој го избрал него. Ѕверот Ужвекс дознава за нивната цел и тој со Џексон ја граба принцезата Сесилија со цел да го намами Макс да дојде во неговата пештера со чизмите за да може да си ги задржи за себе.
Улога на Мачорот Макс ќе ја игра Мартин Јорданоски кој рече дека режисерот се впуштил во голема задача – да спои во едно магионичарски трикови со театарска претстава што, смета тој, е комплицирано да се направи.Во актерската екипа се и: Марија Ѓорѓијовска, Емра Куртишова, Мики Анчевски, Ана Левајковиќ-Бошков, Ненад Митевски, Винета Дамческа-Мојаноска и Владимир Лазовски.

18.05. (сабота) „Тоби“


Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед.
Каква тага и горчина … Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти, остроумни, а бога ми и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни.
И покрај овој суштински аспект на детската драма, во неа се читаат и откриваат навистина сеуште актуелни проблеми кај луѓето: необјаснива желба за промена на сопствениот изглед, ,потоа дискриминација по нај различни основи, физички, социјални, расни итн. Во секој случај најважно е ние самите да бидеме среќни и да бидеме прифатени со она што го носиме, со онашто имаме да го понудиме на овој свет.
Режисер – Драгослав Тодоровиќ
Играат:Марија Ѓорѓијовска,Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа Мојаноска,Ана Левајковиќ Бошков,Мики Анчевски.

19.05. (недела) „Малата сирена“


Драги гледачи, добредојдовте во Морското театарче за деца!
Вечерва ќе ви ја прикажеме нашата волшебна, надалеку прочуена претстава „Малата Сирена“. Во неа ќе видите како големата и вистинска љубов победува и успева да ги помири сите различности. Но, ќе видите и колку е тежок и полн со искушенија патот на израснувањето и созревањето. Нашите актери, тука, пред вашите очи, ќе се престорат во Сирената, Принцот, Морскиот крал, Морската Самовила, Големата Сирена, Златниот крал, Морската Вештерка и Октоподот. Во овие 50-тина минути тие ќе ве водат низ подводни дворци, морски брегови, кораби, бури, подводни мрачни пештери и златни замоци за да ви ја раскажат најубавата и најромантичната приказна што некогаш е напишана. Искрено се надеваме дека ќе уживате во ова волшебно патување низ прекрасниот свет на Малата Сирена.
Поздрав и ќе се видиме кога светлата ќе се запалат. Вашиот аплауз е нашата награда!
Искрено Ваш Морскиот Рак Андерсен – директор на Морското театарче за деца
Играат:Винета Дамческа,Ненад Митевски,Владимир Лазовски,Предраг Павловски,Драган Довлев,Изабела Новотни,Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска,Ана Левајковиќ Бошков.

Претставите преку недела почнуваат во 19. додека во недела во 12.30 часот.
Цената на влезните билети е 200. денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Во селекција на Гена Теодосиевска во Копенхаген започнува Фестивал на македонскиот современ филм

Со задоволство ве известуваме дека вечерва во 19  часот во Копенхаген, Данска, во организација на …