(ВИДЕО) Снимен документарец за Михаел Шумахер: Камерите со дозвола на семејството после пет години влегле во вилата на Шумахер!

Семејството на славниот возач на Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, за прв пат по нecpeќата, која седумкратниот шампион на светот ја доживеа во декември 2013. година, дозволило новинари да влезат во семејната куќа.

Имено, германските режисери Михаел Вех и Ханс Брун Камертенс, со целосна поддршка на семејството на славниот Германец снимија документарен филм.

Во документарецот „Шумахер” ќе се најдат и необјавени архивски снимки од прославениот спортист, како и сведочења на најблиските членови на неговото семејство – сопругата Корина и таткото Ролф Шумахер. Премиерата на документарецот е закажана за на 5. декември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …