(ВИДЕО+Рецепт) Крем торта со плазма за свечени пригоди!

Едноставен рецепт кој на сите им успева…
Состојки:
300 г мелена плазма
125 г путер или маргарин за колачи
4 лажици мед
сок од еден портокал или 100 мл готов
4 – 5 лажици чоколаден нугат крем
500 мл слатка павлака
200 г бело чоколадо
200 г црно чоколадо
2 кесички шлаг крем од ванила
200 мл млеко
Подготовка:замесете кора од плазма, путер, мед и сок. Убаво измешаната смеса префрлете ја на калап со обем од 26. см и убаво истапкајте да се формира првиот слој, односно кората на тортата. Преку кората намачкајте чоколаден нугат крем и префрлете во фрижидер да се стегне.
Изматете слатка павлака и поделете на два дела – павлаката треба лесно да се измати, да биде средно цврста. Во еден дел вмешајте истопено бело чоколадо, а во другиот истопено црно чоколадо. Убаво измешајте ги смесите.
Преку кремот намачкајте бел фил, потоа и црниот фил и на крај изматениот шлаг крем. Тортата украсете ја по желба и вратете во фрижидер барем една ноќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Принцот Вилијам има пресладок прекар за својата миленичка Шарлот!

Откриен е уште еден прекар во британското кралско семејство. За време на посетата на градината …