(ФОТО) 15. идеи како занемарените балкони да ги претворите во места за уживање

Било да живееме во стан или во куќа, балконите се често неправедно занемарени простори во нашите домови.
Ви донесуваме идеи како оваа пролет својот балкон да го претворите во место на кое ќе сакате да престојувате, да се одмроате, дружите и уживате.


Оживејте го малечкиот балкон
И’ малечкиот балкон лесно може да се претвори во катче за одмор и уживање. Украсете го со балконско цвеќе кое балконот ќе го збогати со најубави бои, поставете дрвени, метални или плетени столчиња, додајте масичка и вашата малечка оаза е готова.

Претворете го балконот во оаза на мир
И’ со изборот на мебел балконот можете да го направите уште пожив и поубав ако го земете оној во боја, како розов, син или портокалов, а не заборавајте ниту на украсните перничиња за столчињата кои времето минато на балконот ќе го направат уште попријатно.


Инспирација за уредеување на балконот
Секако, сигурно нема да згрешите ниту ако изберете балконски мебел во бела или природна боја кој, во зависност од дизајнот може да изгледа елегантно и многу модерно, убаво и класично или ретро.
Во нашата фотогалерија пронајдете инспирација за уредување на балконот на кој ќе сакате да го пиете утринското кафе и да ги минувате пролетните и летни вечери во друштво на семејството, пријатели или добра книга.

 

Фото: Living4media

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СПАСЕН ЖИВОТОТ НА НЕРОДЕНО БЕБЕ ОТКАКО МАЈКАТА ПОЈАДУВАЛА џем на тост

Имале многу среќа. Да не бил појадок и џем, никогаш немало да откријат сериозен проблем. …