(ФОТО) Меган Маркл и принцот Хари со најновата фотка и одале почест на лејди Дијана

По повод одбележувањето на Денот на мајката, Меган Маркл и принцот Хари објавиле фотографија на својот новороден син Арчи Харисон.
Меган ги држи малечките стапала на синот, а во позадина се гледаат „поточници“ кои се посебно важен детал на оваа фотографија.


„За да го одбележат Денот на мајката, војдовата и војвотката од Сасекс објавиле фотографија од стапалата на бебето Арчи и ‘поточници’ кои биле омиленото цвеќе на Дијана, принцезата од Велс“, појаснила кралската коментаторка Роја Никах.
Поточниците го имаат прекарот „forget-me-nots“, што во слободен превод значи – немој да ме заборавиш, а биле дел и од венчалниот букет на Меган.
Маркл првиот Мајчин ден како новопечена мајка го минала во друштво на најблиските, вклучувајќи ја и мајката Дорија Рагланд.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, доживеала земјотрес на прес конференција

Премиерката на Нов Зеланд воодушевила од нејзината мирна реакција на земјотресот со јачина од 5,9 …