(ВИДЕО+ФОТО) Шерон Стоун се појавила гола на насловна на „Вог“:„Жено дали старееш?“

Глумицата Шерон Стоун позирала за португалското издание на „Вог“. Се сликала гола и во мрежести чорапи. Иако е во седмата деценија на живот, Стоун и понатаму изгледа неверојатно и освојува со сексипилот…


Минале 27. години од легендарната сцена во филмот „Сурови страсти“ во која Шерон Стоун (61), во текот на полициското испитување ја преместува ногата од другата нога и открива дека не носи гаќички. Со тоа ја освоила публиката, освоила Златен глобус и ја заработила титулата на секс бомба, а скоро три децении подоцна, оваа холивудска ѕвезда и понатаму освојува со сексипилот.


View this post on Instagram

• @vogueportugal Sharon Stone para a Vogue de maio, numa edição em que se quebram os #sexissues. Capa 02 de 02, a chegar às bancas. No link da bio encontra três das frases mais marcantes da entrevista exclusiva à atriz. __ @sharonstone for @vogueportugal’s may issue, a number where #sexissues are broken. Cover 02 of 02, arriving stands. link in @vogueportugal bio for three of the most meaningful quotes from the exclusive interview with the actress. #vogueportugal #sexissues #editorinchief @sofia.slucas #coverartdirection @jsantanagq #photography @branislavsimoncik #styling @paris_libby #makeup @missjobaker #hair @giannandreahair #haircolorist @brooklynstephen #words @sarovski #mayisue #outnow #nasbancas @lighthouse.publishing #Maythe4thBewithYou

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on

Имено,Стоун неодамна се сликала за мајското издание на португалското издание на списанието „Вог“. Позирала во мрежести чорапи и црно палто, под што била потполно гола. На насловната на списанието се појавила фотографија на која Шерон плута во базен, на површина на водата, од која извираат нејзините голи гради.

View this post on Instagram

Love you Vogue Portugal: what great taste, style and wonderful talent I had the pleasure of working with! Thank You! Sharon Stone • @vogueportugal (repost) Sharon Stone para a Vogue de maio, numa edição em que se quebram os #sexissues. Capa 01 de 02, a chegar às bancas. No link da bio encontra três das frases mais marcantes da entrevista exclusiva à atriz. __ @sharonstone for @vogueportugal’s may issue, a number where #sexissues are broken. Cover 01 of 02, arriving stands.Tap the link in bio for three of the most meaningful quotes from the exclusive interview with the actress. #vogueportugal #sexissues #editorinchief @sofia.slucas #coverartdirection @jsantanagq #photography @branislavsimoncik #styling @paris_libby #makeup @missjobaker #hair @giannandreahair #haircolorist @brooklynstephen #mayisue #outnow #nasbancas #SharonStone @lighthouse.publishing

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on

„Кога почнав да работам во оваа индустрија, изразот „еб*но“, го користеа раководителите на студијата за да проценат дали имате доволно добар изглед за улога. Би седеле покрај маса и расправале за тоа. Мислеа дека го немам“, изјавила глумицата во интервјуто.
Со најновото разголено издание глумицата свои бројни обожаватели буквално „ги фрлила во транс“. Пофалбите за нејзиниот изглед доаѓале од сите страни.
„Каков добар вкус, стил и неверојатен талент. Многу се забавував работејќи со луѓето од португалскиот ‘Вог’“, напишала на социјалните мрежи после фотографирањето за списанието. Обожавателите заклучиле декаи во седмата деценија на живот и понатаму изгледа занесно, заводливо, исклучително секси и дека буквално не старее.

„Жено, не можам да верувам дека ти имаш толку години и изгледаш толку добро. Поубава жена долго не сум видел“, се само некои од коментарите.
Американската глумица на филмската сцена е актуелна од 1980. година, веќе со 22. години дебитирала во филмот „Сеќавање на ѕвездената прашина“ на Вуди Ален а во својата кариера снимила голем број филмови. Стоун во интервјуто коментирала и за нееднаквата позиција на жените и мажите во филмскиот свет.

„Жените, без сомнение се занемаруваат. Искрено, не се претставени онакви какви што навистина се. Повеќето филмови ги режираат мажи. Поради тоа сакам да глумам зависици или тотално луди луѓе. Ми се допаѓаат такви улоги“, изјавила глумицата.
Шерон Стоун зад себе има два пропаднати бракови, со Фил Бронстајн (68) и Мајкл Гренбург (67), а посвоила дури три сина – Роан (18), Квин (12) и Лерд (13).

Најголемото чудо се случило на 21. септември 2001. година кога Шерон доживеала тежок мозочен удар, а лекарите и давале само пет отсто шанси за живот. Со години не можела да зборува, чита ниту пишува, но преживеала.

Видео и фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, доживеала земјотрес на прес конференција

Премиерката на Нов Зеланд воодушевила од нејзината мирна реакција на земјотресот со јачина од 5,9 …