(ВИДЕО+ФОТО) Рита Ора на родителите во Приштина им купила куќа од 2. милиони евра:Благодарност за дадената животна шанса!

Пејачката своевремено изјавила дека со сестрата и братот, кога нејзиното семејство дошло во Велика Британија, делела тесна соба, а родителите едвај врзувале крај со крај…
Рита Ора се родила во Приштина, но со родителите се преселила во Велика Британија, каде постигнала огромен успех. Пејачката се вратила во родното Косово, за да купи вредна недвижнина за своите родители, а за таа цел дала 2 милиони евра.

Како што истакнала пејачката во повеќе наврати, родителите Бесник и Вера се заслужни за нејзиниот успех, па таа сака некако да им се оддолжи, а мајка ѝ фотографијата гордо ја споделила со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм.

„Рита вечно ќе им биде благодарна што ѝ дале шанса за подобар живот… Побегнаа од родното Косово за време на политичкото востание и таа сега кога е на врвот на славата, сака да им се оддолжи на најдобар можен начин“, рекол извор близок на семејството на пејачката.

„Домот е таму каде што е срцето. Иако живееме во Лондон, на сопругот, мене и на децата неизмерно ни е важно да можеме да го посетиме нашиот роден град, Приштина“, напишала Вера на Инстаграм.

Пејачката своевремено изјавила дека со сестрата и братот, кога нејзиното семејство дошло во Велика Британија, делела тесна соба, а родителите едвај врзувале крај со крај.

View this post on Instagram

Love x

A post shared by Vera Ora (@veraora) on

Таткото Бесник, после повеќегодишната заштеда, успеал да купи паб, во кој Рита ги имала своите први јавни настани. Мајката Вера преку ден студирала медицина, а навечер била келнерка.

Кога пејачката имала 15. години, на нејзината мајка ѝ бил дијагностициран рак на дојка, Рита тогаш го прекинала школувањето за да биде покрај неа.

View this post on Instagram

Oh good morning 😎

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on

„Нејзината борбеност и храброст се моја најголема инспирација. Благословена сум што ја имам“, изјавила пејачката своевремено.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …