Временска прогноза за наредните денови: Ни претстои нов циклон со врнежи, грмежи…

По циклонот кој ја зафати нашата држава изминативе денови и донесе дури и снежни врнежи како и невообичаено ниски температури на воздухот веќе за време на викендот одсносно од недела нашата територија ќе биде зафатена од нов циклон.
Овој циклон ќе услови нова значителна дестабилизација на времето како и нови поинтензивни врнежи од дожд. Но сепак и покрај ова температурите ќе бидат повисоки за разлика од оние кои ги услови претходниот циклон. Поради загреаната атмосфера локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а на некои места не се исклучува можноста и за НЕВРЕМЕ проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Локално ќе наврне и позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).


Инаку температурите следните денови ќе бидат во пораст, па така најтопло ќе биде во сабота кога значително ќе пораснат и максималните дневни кои ќе се искачуваат во интервалот од 20. до 26. степени, додека пад на истите ќе има од недела. Сепак и покрај малку постабилното време од утре до сабота сепак локално ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи.

Подготви: Славчо Попоски


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се чествува Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста): Нејзината икона има чудотворна моќ, па жените кои сакаат пород треба да го направат ова

Македонската православна црква денеска прославува голем празник, Пречиста Богородица. Кога Пресвета Дева Марија наполни три …