На свечениот ручек за папата Франциск ќе бидат послужени вина на винарницата „Стоби“

Папата Франциск за време на неговата историска посета на земјава утре (7 мај) ќе биде послужуван со ексклузивни вина на винарницата „Стоби“. Најквалитетните вина на оваа винарница ќе се служат на свечениот ручек што ќе се организира во чест на папата Франциск и на кој, освен Светиот Отец, ќе присуствуваат и кардинали, бискупи и други високи гости, но вината ќе се служат и на сите други свечени собири во деновите пред доаѓањето на папата во Скопје организирани за високи гости.

На свечениот ручек организиран во чест на папата ќе се служат едни од најквалитетните вина на винаријата „Стоби“ од кои дел освоиле најпрестижни светски награди, односно белото вино „р’кацители“, розе вино „розе алегро“, црвеното вино „аминта“ и десертното вино „роксана“.

Навистина сме почестени што Скопската Бискупија, како дел од организаторите на доаѓањето на папата во Скопје, ни ја даде својата доверба и ги оцени вината на „Стоби“ како најдоброто од нашата земја со кое треба да се претставиме пред толку значајна личност како што е папата Франциск. Задоволството е огромно, особено затоа што се работи за историски настан кој е од многу големо значење за земјава и целиот регион. Довербата што ни ја укажа Скопската Бискупија е само потврда дека нашите заложби да направиме вина со врвен квалитет даваат вистински резултат – велат од винарницата „Стоби“.

Винарницата „Стоби“ обезбеди подароци за папата Франциск, како и за сите членови на високата делегација кои ќе присуствуваат на свечениот ручек.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Брачен пар од Србија починал од корона: Одбиле да одат во болница а синот на докторите им рекол дека ќе ги излекува со печено прасе!

Синот донел постар пар, татко му и мајка му, на преглед во клиниката за „Ковид“ …