Пристигнува циклон: Следат дождливи денови и силен ветер

Циклонот кој во Германија донесе снег, а во Хрватска обемни дождови пристигнува и во нашите краишта што ќе резултира со големи промени на времето…
Времето утре ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен и проследени со грмежи и силен ветер. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и особено во југоисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу осум и 13, а дневната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе има и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а повремено и засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени.

И’ во понеделник ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи, силен ветер, а ќе има и услови за појава на град. В понеделник кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, па во вторник наутро ќе има услови за провејување на слаб снег на повисоките планини.

Во среда утрото ќе биде студено, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Филипче: После 70 години за првпат е реновиран Здравствениот дом д-р Хаим Абраванел во Битола

За првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во ЗД д-р …