(ВИДЕО) Завршено снимањето на „Банг, банг теорија“ – Серијата која одбележа една успешна ТВ ера!

Нема кој не ги следел авантурите на генијалците од „Банг, бенг, теорија“, серијата која со својата приказна за четири различни генијалци и нивните пријателки долги години ја воодушевуваше публиката ширум светот.
Завршено е снимањето на еден од најдолговечните ситкоми, „Банг,банг теорија“, а крајот глумците го одбележале со оставањето на нивните отисоци од прстите пред историскиот „Chinese“ театар во Лос Ангелес.
Солзи и изрази на благодарност ги одбележале говорите на глумците на свеченоста која била одржана по повод оставањето на отисоците на рацете и потписите во цементот пред театарот.


Кејли Куоко, која во сеирјата ја игра Пени, низ солзи рекла дека и е голема чест што била дел од екипата.
„Ова е најдобра екипа на светот“, рекла Кејли заблагодарувајќи им на своите пријатели, соработници и сопругот.
Џим Парсонс кој го игра Шелдон, им се заблагодарил на своите колеги и оценил дека било која друга комбинација на глумци просто не би била успешна како онаа која ја створила „Теоријата“.
Рекол и дека последната епизода ја снимиле претходниот ден и дека тој сеуште живее во илузија дека серијата уште се снима.
Мелиса Раух, Барнадет Ростенковски, не зборувала многу бидејќи била премногу емотивна, па пред да почне да плаче избегала од бината а успеала само да им се заблагодари на сопругот и на сценаристите.


Мајам Бијалик, која ја игра Ејми Фера Фауер, рекла дека без сопругот, децата и мајка и не би можела да игра во серијата.
Кунар Најар, Реџеш Кутрапали, му се заблагодарил на режисерот кој му дал прилика да заигра во проектот кога бил на самиот почеток на кариерата.


„Отсекогаш сум сонувал да клечам во нешто влажно и сиво на булеварот. Му благодарам на мојот психијатар кој ме превезе преку тие осништа“, се пошегувал Хауард Воловиц кој го игра ликот на Сајмон Хелберг.
На милионите обожаватели им се заблагодарил и Џони Галецки, кој го игра Ленард Хофстадер.

View this post on Instagram

A day that will be cemented in history. ❤️

A post shared by The Big Bang Theory (@bigbangtheory_cbs) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Германец кој се придружил на ИСИС вели дека го користеле како роб за секс

28-годишен Германец, кој официјално се приклучил на силите на ИСИС во 2015. година, неодамна избегал …