„Се соочи со најголем страв од сите, смртта, и и’ се насмеа во лице со широка насмевка каква што само Бог може да даде. Се бореше посилно од најјаките воини познати на човештвото и го направи тоа херојски и со достоинство…“
Тинејџерката која одбила да прими третман за лекување против рак во бременост за да го спаси своето неродено дете минатата недела починала, пишува Daily Wire.
Дејна Скеткон имала само 17. години и веќе била бремена кога и бил откриен тумор на мозокот. Според медиумските извештаи туморот не можел да се оперира и лекарите и препорачале зрачење. Иако зрачењето би и го продолжило животот постоела голема можност да му наштети на нејзиното дете и Дејна одлучила да го одложи третманот.
Дејна девојчето Ариес го родила со царски рез во 33. недела на бременост. На Фејсбук профилот „Pray for Dana“ објавени се голем број фотографии на кои се гледаат мајката и преслаткото девојче.
Девојчето често лежело покрај мајката во болничкиот кревет.
На споменатата фејсбук страна, која собрала повеќе од 50. илјади лајкови, минатиот понеделник е објавена порака за смртта на Дејна.
„Утрово, малку после четири часот, Дејна не напушти за да биде со Господинот“.
„Можеби никогаш нема да имаме вистински зборови со кои ќе можеме да ја опишеме умната, полна со љубов, грижлива, верна, со слободен дух и неверојатно убава мајка, ќерка, внука, сестра, роднина, пријателка и независна жена каква што беше Дејна секој ден“.
„Сите не испирира да бидеме подобри отколку што сме секој ден и секој момент да гледаме во Бога. Се соочи со најголемиот страв од сите, смртта, и со широка насмевка и се насмеа во лице. Се бореше посилно од најхрабрите воини познати на човештвото и тоа го направи јуначки и со достоинство“, стои во соопштението во кое нејзината сестра им се заблагодарила на сите кои молеле за опоравување на Дејна.
Постот бил заклучен со цитат од Библијата со кој Дејна и’ го „започнала ова поглавје во својот живот“.
„Не се плаши, јас сум со тебе,
не се обѕирај плашливо бидејќи јас сум Богот твој.
Јас те храбрам и ти помагам,
те подржувам со победничка десница…“
This morning shortly before 4am, Dana left us to be with the lord. We may never have the right things to say to truly…
Gepostet von Pray for Dana am Montag, 22. April 2019
На Дејна во седмиот месец на бременост и бил дијагностициран Diffuse intrinsic pontine глиом, а лекарите и дале помеѓу три и девет месеци живот. Повеќе од 90% од пациентите умираат во рок од две години, а помалку од 1% преживуваат пет години.
Дејна доживеала да роди здраво девојче и да го прослави нејзиниот прв роденден.
Ваква љубов не се создава туку само може да се има!