(ФОТО) Голем човек и хуманист: Просјачи за да помага на сиромашни и за обнова на црква и манастир

Добри Добрев е роден во 1934. година во Бајлово, Бугарија, каде и денес живее. Од своите четири деца, две надживеал. Во Втората светска војна го загубил слухот, поради граната која паднала блиску до него.
Секој ден оди по 10. километри од оддалеченото село, во својата рачно изработена облека и чевли во Софија, каде денот го минува просејќи. Никогаш не користи превозни средства без оглед на временските услови, бидејќи сака да пешачи.
Секогаш со нежен поглед и пријатна насмевка предизвикува необично стравопочитување кај секој кој ќе го сретне, а многу луѓе кои имале можност да го запознаат, барале благослов од него, бидејќи со понизен изглед, начин на живот и однесување, со бела коса и долга брада, Добри изгледа како дојденец од Библијата.
Овој времешен старец на средината на деветтата деценија до пред неколку децении живеел со сосема нормален начин на живот, а потоа станал просјак. Додуша, не класичен просјак, како што многумина го нарекуваат, бидејќи Добри не бара пари за себе, туку собира и ги дава на сиромашните, а го подарува и на православните цркви со своето село и околината.


Така неодамна било откриено дека секој денар што го собрал, повеќе од 40.000 евра, ги донирал за обнова на бугарски манастир кој пропаѓал, црква, и за покривање на комуналните сметки на сиромашните. Самиот живее ов 80. евра државна пензија.
Повлечен во својот свет Добри стои на улиците и плоштадите во Софија, или на влезните врати на црквите, со малечка чаша во раката пружајќи ја на минувачите. А, кога некој ќе уфрли паричка во чашата, Добри од срце му се заблагодарува, често се поклонува и му ја бакнува раката, со желба да го послужи здравјето и го следи секое добро во животот.
Поради тоа, многумина во Бугарија го нарекуваат жив светец.
Зборувајќи за својот начин на живот, Добри вели дека со ваквиот начин на живот сака „да се искупи“ за својот голем грев од минатото, а сумата на собраните пари не сакал да ја коментира бидејќи наведува дека тој тоа не го прави за да се зборува за него, ниту пак луѓето да му заблагодаруваат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ:74% од новите случаи и 76% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во …