Ова е Ена Митревска – гордоста на „Комунална хигиена“

Ена Митревска е вработена во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, а во слободното време се занимава со модерни танци. Како членка на групата танчери со даунов синдром и дел од македонската пара-денс репрезентација, минатата година таа го освои и првото место на Светското првенство во модерни танци во Полска.

Ена учествуваше и во масовната акција за чистење диви депонии што „ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ја организираше на 24 април 2019, под мотото „Биди дел од чиста иднина“. Во друштво на директорот Абдусамед Шабани, таа ги чистеше неправилно исфрлените отпадоци во општината Центар и ни раскажа дека овој месец повторно ќе се натпреварува на Светскиот куп за танц што ќе се одржи во Римини, Италија.

„На Ена Митревска и посакуваме успешен настап и добар пласман на претстојниот натпревар. Сакаме да знае дека ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се гордее со неа, а раководството на Претпријатието секогаш ќе се залага за целосна инклузија и ќе ги поддржува лицата со посебни потреби“ – изјави директорот Абдусамед Шабани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 4.000.000 ЛУЃЕ ВО ШОК ГЛЕДАЛЕ ШТО И СЕ ЗАГЛАВИЛО МЕЃУ НОЗЕ: „Зачекорив, слушнав писок и видов нешто ЦРНО!

Една жена се згрозила откако открила жив лилјак кој виси од нејзиното меѓуножје откако го …