Какво времето не очекува денес и наредните денови

На синоптичката состојба барем не до викендот нема некоја особена промена кога станува збор за целокупната синоптичка состојба за подрачјето на Македонија.

Па така ниту денешниот ден (четврток) нема да биде ништо поразличен од денешниот, но сепак и денес ќе преовладува сончево, стабилно и топло време со мала локална облачност. Меѓутоа во текот на попладневните часови ќе имаме локален развој на нестабилна облачност која само локално ќе услови краткотраен пороен дожд и можни ретки грмежи. Овие процеси потсетуваме дека ќе бидат од локален карактер и истите ќе бидат застапени на ограничена територијална површина. Ќе дува повремено умерен западен ветер, кој понекаде би можел да засилува на интензитет. А дневните температури ќе се движат во интервал од +18 до +24 С.

Во петок очекуваме постабилно и суво време во најголем дел од државата, а воедно ќе биде и топло со дневната температура која ќе се движи од +19 до +25 степени, овој ден по се изгледа ќе биде и најстабилен пред надоаѓањето на новата промена.

Од следниот викенд синоптичката состојба над Македонија ќе започне да се менува, а тоа се должи благодарение на средоземниот циклон кој допрва ќе ни донесе и промена на временската состојба. Поточно од викендот и почетокот на следната седмица очекуваме поголемо наоблачување кое ќе ни овозможи да имсме променливо облачно и нестабилно време. Односно и развој на нестабипна облачност што низ Македонија ќе придонесе и појава на врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат локално и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради постепен прилив на постуден воздух од север и судир со потоплиот од југ, локално во вакви околности не се исклучува и можноста за поинтензивни атмосферски процеси. Од недела и почетокот на идната седмица очекуваме и поголемо заладување што ќе овозможи позначаен пад на температурите и сето ова ќе резултира и со засилен северозападен и северен ветер. Овој студен бран ќе овозможи и снегот повторно да ни се врати низ повеќето наши планини.

Инаку од овој студен и влажен бран ќе биде зафатен поголем дел од Балканот, а снегот нема биде изненадувачки за добар дел од граѓаните на Босна, планинските предели на Хрватска, Црна Гора и Србија. Како и да е подгответе се за промена која ни доаѓа многу наскоро. Нови детали очекувајте секако наскоро.

Деталниот временски извештај го анализира и подготви: Denis Muhovic

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПРИЈАВЕНИ СЕ 29. ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денес се регистрирани 561. нов случај на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …