(ВИДЕО+ФОТО) Трагично искуство за родителите: Нашле писмо од ќерката (12) кое пред смрт си го напишала сама на себе – требало да се отвори во 2023. година!

Девојчето починало од воспаление на плуќа. Пред да се разболи си напишала сама на себе писмо за во иднина во кое се прашува дали живее сама и што студира…
Тејлор, ќерка на Тим и Мери Елен Смит, починала од тешки последици од воспалување на плуќата кога имала 12. години, а кога родителите после погребот ги средувале нејзините работи пронашле писмо кое девојчето си го напишала сама на себе – со напомена да не го прочита се’ до 2023. година.
Погледнете го видеото:

На сама на себе си порачала да не го отвора до 13. април 2023. година, а почнува вака:
„Драга Тејлор, како ти оди во животот?Животот е моментално доста едноставен (барем 10. години порано). Знам дека доцна ти се јавувам, но мене додека пишувам ми е рано, па честитам што си завршила средно училиште. Ако случајно не си, врати се и продолжи да се обидуваш се додека не ја добиеш таа последна диплома. Дали ти (т.е. дали сме) на факултет? Ако не сме, разбирам, за тоа имаме доста добри причини“.
„Немој да заборавиш, денес и е на Алана 11. роденден. Веќе има 11. Во мое време имаше само една година. не стасав да и отидам на забавата бидејќи бев на ‘мисиско патување’ во Кентаки…“


Девојчето понатаму се прашува идната себе дали била на уште некое патување, дали некогаш патувала вон земјата и дали летала со авион. Прашува дали уште се емитува ‘Doctor Who’, и ако не, како завршила серијата.
„Погледни го ‘Doctor Who’,но подоцна, сега продолжи да го читаш продолжението на својата мудрост“, и порачала на постарата себе и продолжила:
„ Дали веќе живееш сама? Ако сме на факултет, што студираме? Моментално сакам да бидам адвокатка. Дали неодамна беше во Доливуд? Сега најголема атракција им е Дивиот орел кој е супер. Размислувам и за тоа да го продадам својот iPad и да купам iPad mini, и немој да заборавиш да им кажеш на своите деца дека ние сме постари од таблети. Имам и цртеж на iPad, можеш да им го покажеш“.
„Мислам дека тоа е се, но запамти, минаа 10. години откако ова го напишав. Многу нешта се случија, добро и лошо. Животот е таков, тоа треба да го прифатиме. Искрено твоја, Тејлор Смит“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПОВТОРНО ПОЧИНАТИ: Денеска се регистрирани 10. нови случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …