Легендарниот тв водител Лери Кинг имал инфаркт: Благодарение на брзата помош завршил на операција!

Легендарниот американски водител, кој воведе нови смерници во телевизиското новинарство особено во директните средби со соговорниците, Лери Кинг (85) поради проблеми со срцето бил сместен во болница.
Како што се наведува Кинг доживеал инфаркт.
„Беше дома и се подготвуваше да оди во болница, но доби срцев удар. Брзата помош го однесе до болница каде е опериран. Вградени му се неколку стентови“, наведуваат медиумите.
Кинг за неколку дена ќе биде пуштен дома.
Лери Кинг зад себе има кариера долга 62. години и за тоа време направил повеќе од 50.000 интервјуа. Некогаш бил заштитно лице на американскиот CNN, а својата кариера од 2013. година ја продолжил на руската кабелска мрежа „Russia Today”.

Екран.мк
Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …