Последниот настап на „Пинк ѕвездички – All Stars”и уште една десетка!
Но, тој настап на Антониа Гиговска како да останал во сенка бидејќи во соседството се воодушевени од нејзиниот нов хит „Могли смо у двоје“.
Новиот сингл на Антониа е меѓу послушаните на Јутјуб, а инаку е дело на Дарко Димитров (музика, аранжман). додека текстот го потпишал Владимир Даниловиќ.
Покрај успешните настапи на „Пинк ѕвездички – All Stars” за кои жирито повеќе нема зборови за да ги искаже комполиментите, Антониа досега снимила и неколку нејзини нумери а присутните на шоуто ги изненадила и со нејзиниот хит кој се повеќе освојува симпатии и може да ги надмине нејзините досегашни нумери.
Новиот сингл веќе високо котира на регионалните топ листи.
Но, сакавме да ви покажеме и како Антонија на свој начин ги пее и македонските традиоционални песни. Слушнете ја нејзината изведба на „Ако згрешам нека изгорам“…
Г.О.
Фото: Принстскрин